Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс и кошаркарот на Детроит, Ајзеа Стјуарт, кои беа инволвирани во инцидентот кога настрада аркадата на играчот на Пистонси, заработија казни од НБА лигата.
Ѕвездата на „езерџиите“ ќе паузира на еден натпревар додека Стујарт нема право на настап на наредните два меча.
Згора на тоа кошаркарот на Детроит најверојатно ќе добие и драконска казна за агресивното однесување. Се шпекулира дека НБА ќе го казни парично со 950.000 американски долари.

