Голманот на Вардар, Мартин Томовски, пред мечот со Пик Сегед во Лигата на шампионите, нагласи дека неговиот тим имал шанса да се радува на бодови во Сегедин, но, неколкуте грешки го спречија тоа.
„ И сега не може да бидеме безгрешни, но, ќе се обидеме да ги сведеме на минимум. Ова е последен меч на домашен терен во Лигата на шампионите. Сакаме да се радуваме заедно со нашите навивачи“ – вели Томовски.
„Добро се чувствувам во Вардар, се обидувам секогаш да го дадам најдобро за мене и екипата. Сакам да помогнам да победуваме“ – изјави голманот на Вардар пред мечот в четврток од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.
