Ракометарите на Вардар одиграа уште еден лош натпревар и се поразени на домашен терен од екипата на Пик Сегед со 27:30 (9:16).
Конечниот резултат е и подобар од она што се случуваше во текот на целиот натпревар во кој Вардар дојде до предност од 1:0 на стартот на мечот, а потоа гостите од Унгарија направија серија од 7:0 и водеа со 7:1. До крајот на првиот дел Вардар успе малку да се закани и да намали на -4, но на оддмор се замина со 9:16.
Во вториот дел Вардар заигра малку подобро и намали на -3 (15:18 и 16:19) , но повторно Пик Сегед успеа да се врати на позитива од шест голови разлика и не дозволи Вардар да се врати во игра на оваа средба. До крајот на натпреварот гостинската екипа ја одржуваше предноста и дојде до заслужена победа во Скопје.
Најефикасен играч на натпреварот беше Марио Соштариќ со седум реализации, додека кај Вардар по пет дадоа Дибиров и Гаџа. Одличен меѓу стативите беше Роланд Миклер со 12 скротени удари, додека Томовски го заврши дуелот со пет.