Кошаркарот, ДеМаркус Казинс, најверојатно ќе потпише договор со екипата на Милвоки која ќе се обиде да ја одбрани титулата од изминатата сезона во НБА лигата.
Центарот кој со САД го освои златото на ЛОИ во Рио Де Жаниеро и Мундијалот во Шпанија, досега ги бранеше боите на: Лејкерси, Клиперси, Сакраменто и Хјустон.
ДеМаркус во речиси 10-ет годишната кариера има во просек 20,4 кошеви и 10,6 скокови на натпревар.
