Еден од најдобрите ракометари на Еурофарм Пелистер, Немања Обрадовиќ, очекува поволен резултат на утрешниот меч на теренот на Спортинг во новото коло во ЕХФ Лигата на Европа.
„Во моментов имаме малку повеќе самодоверба и убаво чувство за победа. Спортинг е интересна екипа, но, далеку од тоа дека не можеме да се носиме со нив. Знаеме како и што да направиме. Нивниот терен нормално ќе биде можеби мала предност, но, далеку од тоа дека нема да бидеме подготвени и дека нема да одиме на победа“ – вели Обрадовиќ.
„ Ќе имаме за цел да дојдеме до лесни голови, да им пресечеме топки и да направиме полу-контри. Мислам дека имаме шанса тоа да го направиме бидејќи за тоа и трениравме. Тоа е всушност и нашиот договор и затоа мислам дека навистина имаме шанса за бодови, еден или два“ – потенцираше Обрадовиќ.

