Кошаркарската репрезентација на Македонија одигра две добри и две лоши четвртини на гостувањето во Киев кај Украина и не ууспеа д анаправи изненадување, односно загуби со 78:61 на гостувањето кај Украина во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП) кое се игра во 2023 година.
Ова е втор пораз на нашата кошаркарска репрезентација во овие квалификации, но мора да се каже дека во првите две четвртини кошаркарите на Македонија одиграа добро и имаа предност од 34:30. Сепак впечатокот го расипаа во неколку лоши минути во кои дозволија Украина да дојде до убедлива предност која на крајот дојде и до високи и убедливи 17 поени разлика.
Најефикасен кај Македонија беше Бојан Крстевски со 14 поени, пред Џејкоб Вајли со 12 поени и девет скока, додека Адем Мекиќ постигна десет поени. Кај Украина, Артем Пустовји реализира 18 поени, а Лукашов и Сидоров постигнаа по 13 поени.

