Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја продолжија добрата серија во ЕХФ Лигата на Европа и на гостувањето во Португалија.
Тие одиграа нерешено 27:27 кај Спортинг Лисабон иако речиси во текот на целиот меч имаа предност. Битолчани во последните секунди дојдоа до напада за победа, но, шутот на Периќ заврши преку голот. Во нашиот состав Кубанецот, Табоада, остави одличен впечаток и постигна седум голови додека Мандалиниќ реализираше пет.
Еурофарм Пелистер во наредното коло на 7 декември повторно ќе се сретне со Спортинг и тоа во салата во Битола. На табелата по 5 кола, водат Ним и Спортинг со по 7 бодови додека Еурофарм Пелистер има еден помалку.

