Македонскиот ракометен тим Еурофарм Пелистер не успеаја да се врати од Португалија со целиот плен, но сепак непоразен се враќа од гостувањето кај Спортинг (27:27).
Во рамките од петото коло од второто по ранг натпреварување на ЕХФ, битолчани иако водеа во текот на целиот натпревар, на крај освоија само бод на мечот со Спортинг, а по мечот тренерот Жељко Бабиќ истакна дека е задоволен од ангажманот и резултатот.
„Многу сум задоволен. Вечерва беше многу важно да не загубиме. Сакам да им се заблагодарам на ракометарите, се бореа за секоја топка и за секоја позиција. Игравме многу важен натпревар за двете екипи. Веќе четири натпревари сме без пораз и тоа многу ни значи за нашата ментална сила. Групата е многу израмнета и треба да бидеме подготвени на драматични натпревари до крај. Треба да бидеме храбри и интелегентни. Нашата цел е да бидеме меѓу четирите најдобри екипи во групата и да продолжиме со играње на елиминациони натпревари“-, рече Бабиќ во изјава по натпреварот.

