Ракометарите на Вардар утре играат нов натпревар од Лигата на шампионите, гостуваат кај Кил а тренерот Веселин Вујовиќ верува во добра игра и покрај проблемите со повредените играчи.
„Не очекуваат три важни меча. Првиот од нив е во Кил. Таму ниедна екипа не е фаворит, но би било важно да одиграме добро, бидејќи тоа би ни било голема мотивација за наредните двобои со Загреб и Еурофарм Пелистер. Што се однесува до составот, Гаџа доби вироза, нема да игра со Кил и тоа ми прави големи проблеми, се враќа Куни иако не е максимално подготвен, а Борко Ристовски исто така не е опоравен од проблемите што ги има долго време“ – вели Вујовиќ.
„Се надевам дека и тоа брзо ќе се реши. Имаме три меча, две победи би биле мелем за сите нас. Очекувам екипата да биде мотивирана и да даде максимум и на некој начин овој прв дел од сезоната го завршиме позитивно“ вели Вујовиќ.

