Ракометарите на Вардар ја продолжија очајната серија во Лигата на шампионите, откако синоќа го запиша седмиот пораз во низа. На гостувањето во Загреб, „црвено-црните“ загубија од ППД Загреб со 23-22.
Вардар имаше плус три на осум минути пред крајот на мечот, но на крајот повторно загуби.
„Имаме горчлив вкус, загубивме добиен меч. Грешевме кога не требаше, ова беше тежеок меч. Кога играме со Загреб секогаш играме лошо, нема акција, нема проток на топка, дали се создава некоја тензија, не знам. За седум дена не чека важен меч со Е. Пелистер и се плашам дека овој пораз да се одрази негативно кај моите играчи“, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата по завршување на мечот.