Македонската ракометна репрезентација денеска на пладне ќе го има првиот собир во Скопје и ќе ги зпаочне подготовките за ЕУРО 2022 кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија. Селекторот Кирил Лазаров првата прозивка ќе ја направи во хотелот „Александар Палас“.
На списокот се најдоа 24 ракометари, четворица од нив ќе се приклучат подоцна. Станува збор за Никола Митревски, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски и Жарко Пешевски, кои имаат обврски кон клубовите.
Македонската репрезентација по собирот и тестирањето за коронавирус ќе замине во Маврово каде ќе го одбработи првиот дел од подготовките, но и ќе одигра два од четирите контролни натпревари. Прв спаринг партнеr е селекцијата на Кувајт, а мечевите се закажани за 27 и 29 декември. По враќањето во Скопје, ракометарите ќе ги одмерат силите со Израел, мечеви кои се закажани за 3. и 4. јануари.

