Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Имаме доволно време да се подготвиме, нема да биде лесно да се пласираме во втор круг“
    Ракомет

    Лазаров: „Имаме доволно време да се подготвиме, нема да биде лесно да се пласираме во втор круг“

    risteBy riste22/12/2021No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на ракометната селекција на Македонија, Кирил Лазаров, по денешниот собир пред новиот голем предизвик, Европското првенство (ЕП) кое следи на стартот на 2022 година го кажа планот на подготовки, но и очекувањата од настапот на Македонија на ова ЕП.

    „Најпозитивна работа е што оваа национална селекција почнувајќи од 2012 година има континуитет и тоа ни е прва и основна цел до сега, а ќе биде и понатаму. Мислам дека нашата машка селекција е со најголеми големи натпреварувања, во споредба со другите селекции и тоа е големината на оваа репрезентација. Процесот на подмладување е почнат, неминовно е една генерација да замине и треба да создаваме нова. Но, секогаш се добредојдени искусни играчи од типот на Миркуловски, Стоилов, Митревски, Никола Марковски… да не ги набројувам сите. Добро е да направиме млада, но и во некои делови да имаме искусна репрезентација, затоа што во било кој е потребно такво искуство и потребни се километри. Нема да се откажеме од ниеден играч и затоа треба да бидеме благодарни, посебно на Филип Миркуловски, кој прифати да биде на располагање на Македонија и тоа треба да го почитуваме. Тој ни бил потребен, сега ни е потребен и ќе ни биде потребен.

    Веруваме во убави работи, но од друга страна стоиме цврсто на земја и знаеме што не очекува. Доаѓа тешка група во која е Словенија, не треба да трошам зборови за неа и за индивидуалните способности. Данска, која е олимписки, светски, европски првак. После онаа победа наша во Скопје, сигурно деа ќе не сфатат посериозно. Многу тешко ќе биде да се повтори таков успех. Црна Гора е селекција за почит, со еден селектор Рогановиќ, поранешен десен бек, тренер на кој му веруваат. Играат со срце и желба за државата. Треба да бидеме претпазливи. Ништо не треба да не изненади, наше е да работиме квалитетно. Секогаш велиме немаме доволно време, сега имаме доволно време. Ќе направиме квалитетни подготовки, прво во Маврово, потоа во Скопје. Инсистирав на четири тест-натпревари. Сакаме да победиме и да ги видиме сите играчи со кои располагаме. Секој тренинг и натпревар ни се важни. Помладите тука „купуваат“ минути и ни покажуваат квалитет, а ние ќе одлучиме дали ќе им дадеме повеќе минутажа на големата сцена. Работиме на физичката спремност, мора да бидеме на високо ниво со големи репрезентации и да играме од почетокот до крај“, изјави Лазаров на првиот собир.

    Македонската ракометна репрезентација на ЕП е во група А заедно со националните селекции на Словенија, Данска и Црна Гора,  а дуелите ќе бидат одиграни во „Фоникс Арена”во Дебрецен, Унгарија. На стартот играме со Словенија на 13 јануари, потоа на 15 ќе се судриме со Црна Гора, додека последниот меч од групната фаза го играме на 17 јануари со Данска.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.