Македонската ракометна репрезентација почна со убедлива победа над Кувајт од 31-21 во серијата подготвителни средби пред настапот на ЕП. Селекторот Лазаров истакна дека е задоволен од начинот на кој го одигравме првиот тест со Кувајт.
„Среќен сум, не поради победата од десет гола разлика. Среќен сум дека пред натпреварот им кажав дека ќе стартуваме без девет стандардни репрезентативци, што поради оправдани отсуства, повреди и други работи, и успеав да ги убедам дека ако се сака сè се може. Не е важен резултатот, колку пристапот, како и она што го договаравме и спроведовме на теренот. Ова ќе биде голем поттик за следните денови да работиме уште понапорно, да ги задржиме подобрите работи, на секој меч можете да поправите она што не е добро“, изјави Лазаров по мечот.
Македонија и Кувајт в среда во Маврово ќе одиграат уште еден меч.