Ракометарот на ПСЖ и француски репрезентативец, Елоим Пранди бил избоден неколкупати за време на новогодишната ноќ во Париз. Според тамошните медиуми, младиот дефанзивец не е во животна опасност.
Во нападот наводно учествувале неколку лица. Пранди е итно пренесен во болница и не е во животна опасност. Секако, селекторот Гијом Жил нема да може да смета на него за претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка.
Покрај Пранди, од списокот поради повреди отпаднаа Лука Карабатиќ, Недим Ремили и Тимоти Енгесан. Уште неколку играчи се заразени со коронавирус од почетокот на подготовките за континенталното натпреварување.

