Кошаркарскиот тим на Партизан објави дека има шест нови заразени со корона-вирус.Тоа се кошаркарите Раде Загорац и Душан Милетиќ, како и четворица членови на стручниот штаб.
Тестирањето кај „црно-белите„ беше извршено пред денешното гостување кај италијанската екипа Доломити Тренто во натпревар од деветтото коло на ФИБА Евро Куп турнирот.
Српскиот состав кој има 6 победи и два пораза, го држи третото место во групата „А“.

