Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Горд сум на играчите, но разочаран што не освоивме барем бод“
    Ракомет

    Лазаров: „Горд сум на играчите, но разочаран што не освоивме барем бод“

    risteBy riste13/01/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија е поразена на првиот натпревар на Европското првенство против селекцијата на Словенија со 25:27. За жал Кире Лазаров не можеше да помогне на терен, поради повредата која ја заработи на вчерашниот тренинг.

    „Горд сум на она што момците го одиграа против екипа која е составена од играчи кои играат во најдобрите тимови во светот. Покрај тоа што сум разочаран бидејќи заслуживме најмалку еден бод можеби и два спроведовме многу работи на теренот. Мислам дека и физички ги натрчавме и го заморивме. Не верувавме до крај дека можеме. Пробав да ги убедам, но не успеавме. Само тоа ме разочара, инаку сум сопозитивни вибрации“, изјави селекторот Лазаров.

    Нашиот селектор верува дека на следните средби ќе покажат подобра игра и дека има што да се очекува од момците.

    „Треба да сме горди на сработеното и сега да чекаме нечија грешка. Морамее сега да мислиме за дуелот против Црна Гора бидејќи нема да биде лесно. Доста се потрошивме, но играат многу млади играчи. Првиот натпревар на едно големо натпреварување е секогаш доста тежок и мислам дека ќе бидеме сè подобри и подобри. Дај боже да отидеме во втора рунда бидејќи уште четири средби за овие млади момци ќе значат многу. На вистински пат сме и сигурен сум во тоа. Штета што направивме грешки од недоволна доверба. Момците дадоа сè од себе. Сега можеби чувството е добро, но кога ќе се разбудиме ќе биде полошо бидејќи ќе жалиме за пропуштеното. Имаше некои одлуки, но тоа е спортот. Ние сме Македонија. Мораме заеднички да го изградиме она што најмногу го сакаме. Некогаш имаме различни размислувања. Мораме сите заедно да направиме. Македонија не е само моја туку е на сите. Ќе го зголемиме ростерот, но прво да одиграме со срце и со глава на следните два натпревари“, изјави селекторот Лазаров после натпреварот против Словенија.

    Македонија својот следен натпревар ќе го игра в сабота против Црна Гора (18 часот), додека в понеделник ќе го играме последниот натпревар од групата против Данска од 20:30 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.