Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Лазаров: „Многу играчи потфрлија, едноставно правевме многу грешки“
    Ракомет

    Лазаров: „Многу играчи потфрлија, едноставно правевме многу грешки“

    risteBy riste15/01/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија го загуби и вториот натпревар на ЕП во Унгарија и Словачка.Вториот натпревар против Црна Гора го загубивме со 24:-28 и така останавме без шанси за втората фаза на Европското првенство.

    По поразот во Дебрецин во име на националниот тим селекторот Кирил Лазаров, истакна дека некои играчи одиграле далеку под ниво и не смее да си дозволат такви работи кога го носат дресот на Македонија.

    „Сами забележавте дека не можеме да ги преброиме грешките кои ги направивме. Бев немоќен како и да реагирам затоа што работите се случуваа како на филм и играчите од типот кои играат во клубови и каде имаат коректни улоги, што играат ЛШ, Бундеслига… не смее да си дозволат такво нешто. Без разлика дали е добра стратегијата или не е, или си играч или не си, ние сме тука да ги подготвиме сите, меѓутоа тие се тие што одлучуваат на самиот терен. Дојде до еден психолошки блок во кој бевме немоќни. Видикот и перцепцијата на цел терен се намали и едноставно не знаевме што правиме посебно во второто полувреме. Очигледно е дека имавме голем притисок, откако не тргна работата добро се вративме, но потоа пак паднавме. Евидентно е дека треба да учиме уште многу и да работиме. Овие играчиимаат перспектива, сега треба да одиграме добро на последниот натпревар, да добиеме уште некој играч и да уживаме во натпреварот со Данска“, изјави Лазаров.

    Последниот дуел нашата репрезентација ќе го игра во понеделник против главниот фаворит во нашата група, селекцијата на Данска, а натпреварот ќе се игра на 17 јануари (понеделник) од 20:30 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.