Македонската ракометна репрезентација вечерва (20.30 ч.) ќе го одигра и последниот меч на ЕП во Унгарија. По поразите од Словенија и Црна Гора, избраниците на Кире Лазаров вечерва пред себе ја имаат моќната Данска која е апсолутен фаворит на мечот.
Македонија ќе се обиде чесно да го заврши настапот на првенството. По поразот од Црна Гора најважно е со кренати глави да го напуштиме Дебрецин. Данците беа со нас во иста квалификациска група за ова ЕП. На првиот меч во Скопје успеавме да ги победиме, но на реваншот загубивме убедливо.
Утрово станаа познати и судиите кои ќе ја делат правдата на вечерашниот последен меч на нашата репрезентација. Станува збор за Борис Мандак и Марио Рудински, додека делегат ќе биде Кармен Мачадо од Шпанија. Македонската репрезентација по мечот со чартер лет ќе се врати во Скопје.

