Денешниот ден ќе биде богат со натпревари на ЕП во Ракомет кое се одржува во Унгарија и Словачка, а за нас најинтересно ќе биде во Групата А каде Македонија го игра последниот натпревар со Данска.
Во групата А од 18 часот играат Црна Гора и Словенија во директна пресметка за второто место во нашата група, додека од 20.30 часот Македонија ќе ги одмери силите со Данска во меч кој нема резултатско значење.
Групата Ц ни носи два нови натпревари, од 18 часот играат Украина и Хрватска , додека во 20.30 часот Франција ќе игра против Србија. Хрватска додека победи ќе оди во главната фаза, а Србија нема да има никакви шанси за понатаму.
Босна и Херцеговина во 18 часот игра против Шпанија, додека од 20.30 часот Чешка е противник на Шведска во директен дуел за пласман понатаму од групата Е.
Во групата Ф, Русија има 4 бода и доколку победи против Словачка на мечот од 18 часот ќе си го обезбеди првото место,додека Норвешка со победа или нерешено на мелот со Литванија ќе се пласира на втората позиција во оваа група.

