Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Миркуловски: „Не ја постигнавме нашата цел, но јас не се откажувам и ќе играм во баражот за СП“
    Ракомет

    Миркуловски: „Не ја постигнавме нашата цел, но јас не се откажувам и ќе играм во баражот за СП“

    risteBy riste17/01/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Филип Миркуловски беше еден од нашите најискусни играчи на ова Европско првенство. По поразот од Данска со 21:31,

    Миркуловски истакна дека е разочаран затоа што не се оствариле очекуваните резултати, а како причина за тоа ги потенцира ковид-проблемите и повредите. Исто така, Миркуловски соопшти и дека не се откажува од Македонија и најави дека ако се е во ред, ќе игра и во баражот за Светското првенство.

    „Одигравме за наша душа, но, сепак, загубивме со високи десет гола разлика. Иако Данците одмараа играчи, сепак, се врвна класа. Имаат повеќе постави. Тие се број еден фаворити на ова Европско првенство, загубивме од најдобрата екипа на првенството. И ние играчите имавме големи очекувања од ова првенство, се додека не се случија ковид-проблемите и играчите. Ни се повредија Манасков, па Маркоски, па Лазаров… потоа неколку играчи отсуствуваа поради вирусот. Верувам дека ќе беше се поинаку да ги имавме сите играчи. Но, видовме дека на Европско првенствпо нема слаби селекции. На пример Црна Гора покажа дека е силна репрезентација, ја победија една Словенија и одат понатаму.

    Околу иднината, ако се биде како што треба понатаму, ќе играм во баражот за Македонија. Оваа сезона мислам дека е последна како играч, потоа ќе се посветам на тренерската и останувам во Вецлар како помошник-тренер“, изјави Миркуловски по натпреварот со Данска.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.