Проблеми Македонија имаше пред, но и на самиот натпревар со Данска, едноставно повредите не ја заобиколија Македонија на ова Европско првенство. Најнапред претходно се повреди Дејан Манасков, а непосредно пред првенството заради повреда откажа и Никола Маркоски, две повреди во Дебрецин исто така се надоврзаа на листата.
Бојан Маџовски остана без ниту една минута заради повреда на тренинг, а лошо мина и Филип Кузмановски. Бекот на нашата репрезентација уште на самиот почеток на натпреварот по 7-8 минути игра од денешниот натпревар против Данска го повреди зглобот и мораше да биде заменет. И покрај обидите на медицинскиот тим да го опорави за да се врати во игра, сепак со мраз на скочниот зглоб тој го одгледа натпреварот од клупата.
Според првичните прогнози ќе му бидат потребни неколкунеделна пауза, а цел треба да ни биде да биде здрав за пролетниот прв бараж за пласман на Светското првенство во Шведска, Данска и Полска.