Давид Дејвис имаше неуспешно деби на клупата на Вардар откако неговите избраници загубија од Нексе на домашен терен со 25:24 во првиот сезонски меч во СЕХА лигата.
Гостите добро го отворија мечот а „црвено-црните“ само во вториот дел имаа плус 4. Во неизвесна завршница, бодовите сепак заминаа од Скопје.
Во нашиот состав Дибиров и Моралес постигнаа по 5 голови додека кај Нексе се издвоија Мелиќ со шест и Јагањац кој имаше еден помалку.