Во текот на изминатата ноќ, вниманието на кошаркарката јавност беше свртено кон „Мечот на ѕвездите“ кои се одржа во Кливленд.
Тимот на Леброн триумфираше над составот на Дурент на „Ол-стар“ натпреварот, а оваа победа ја потврди токму Леброн Џејмс со кош во последните секунди за конечен резултат 163:160. Натпреварот ќе биде запаметен по тоа што беше неизвесен, но и по играта на Стеф Кари кој со 50 поени, од кој 16 тројки беше најдобриот на теренот. Токму Стеф Кари по натпреварот ја доби наградата за најкорисен играч (МВП) на мечот.
Од останатите играчи, Никола Јокиќ имаше скромен учинок од 10 поени, девет скока и осум асистенции. Лука Дончиќ постигна осум поени во победничкиот тим. Адетокунбо имаше 30, а Леброн 24 поени. Во редовите на тимот на Дурент одличен беше Џоел Ембид со 36 поени, додека Букер постигна 20, а Ла Мело Бол 18 поени.