Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Селекторот Милевски, репрезентативците Барди и Траковски добија дипломатски пасош
    Фудбал

    Селекторот Милевски, репрезентативците Барди и Траковски добија дипломатски пасош

    risteBy riste26/03/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Mакедонските репрезентативци Енис Барди и Александар Трајковски, како и селекторот на фудбалската репрезентација Благоја Милевски, ќе добијат дипломатски пасоши од Министерството за надворешни работи, на денешниот брифинг соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи.

    „Денес во Министерството за надворешни работи на Трајковски, Барди и селекторот Милевски ќе им бидат врачени дипломатски пасоши. Тие сега се наши најважни амбасадори и заслужуваат дипломатски пасош. Се надевам ќе продолжат да нè радуваат и во натпреварот со Португалија“, изјави министерот Бујар Османи.

    Двајцата фудбалери и селекторот своите дипломатски пасоши ќе ги добијат по брза постапка и веќе од денес ќе ги имаат во своите раце.

    Македонија одигра херојски натпревар против Италија во Палермо и со голот токму на Трајковски се избори за финален дуел за пласман на Светското првенство против Португалија, кое ќе го игра во Порто на стадионот „Драгао“ во вторник на 29.март со почеток во 20.45 часот.

    На фотографијата Директорот на Спортско радио 90,3 ФМ , Тони Митев со Селекторот Милевски и нашите репрезентативци Барди и Трајковски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.