Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Милевски: „Немам дилеми околу составот, сакам само фудбалерите да уживаат во натпреварот“
    Фудбал

    Милевски: „Немам дилеми околу составот, сакам само фудбалерите да уживаат во натпреварот“

    risteBy riste28/03/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Утре Македонија ќе игра против Португалија, а се зголемува возбудата пред историскиот дуел меѓу нашите фанови. И фудбалерите со нетрпение го чекаат дуелот на „Драгао“, каде може да испишат историја со пласман на СП во Катар.

    На прес-конференцијата македонскиот селектор ги искажа очекувањата и одговараше на новинарските прашања.

    „Залудно е да се трошат зборови и за тимот и за индивидуалците на Португалија. Не би издвоил никого, бидејќи треба многу да набројувам. Респект за сите нив, но ние не сме туристи тука во Порто. Ќе дадеме максимум за да победиме.  Ние сме мала држава и никој не очекуваше дека ќе се најдеме во ваква ситуација да играме финален натпревар за пласман на Светско првенство. Македонија ужива во овој момент и мојата порака до моите фудбалери е да уживаат во моментот и натпреварот со најдобрите во Европа. Сите фудбалери се спремни и се надевам така ќе остане и по денешниот тренинг. Познат ми е стартниот тим, немам дилеми. Ни следи различен натпревар од оној во Палермо, различен противник и различни индивидуални карактеристики. Првиот гол е многу важен, но секој натпревар е посебен и не мора да значи дека секогаш носи победа. Кристијано е можеби најдобар во светот години наназад, но тој не игра сам, играат уште десетмина. Португалија не е само Роналдо, ќе треба да се концентрираме на тимот, а не на поединци“, изјави селекторот Благоја Милевски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.