Македонската ракометна репрезентација денеска и утре во Скопје ќе ги заврши подготовките пред првиот од двата клучни натпревари на патот до Светското првенство. Нашите репрезентативци го очекуваат двомечот со Чесите, па со последните тренинзи во скопје се подготвуваат за утрешното заминување за Злин.
Според најавите, ракометарите утре попладне ќе полетаат за Острава по што со автобус ќе бидет префрлени во Злин. Натпреварот в среда е закажан од 19:15 часот.