Денеска против Чешка го одигра последниот меч во дресот со националниот грб. Филип Миркуловски уште еднаш покажа дека го задолжи македонскиот ракомет со своето долгогодишно присуство во репрезентацијата и дека во него младите треба гледаат пример за следните големи натпреварувања.
„Првичната цел е остварена, се пласиравме на Светско првенство што беше најважно. Ова беше последен натпревар со многу емоции. Сите години, секогаш било добро чувството кога играш за репрезентација. Чест ми беше што дваесет години играв за Македонија. Секогаш давав максимум, се надевам така ќе биде во иднина. Јас кога започнав со репрезентативната кариера беше многу тешко. новите генерации имаат полесна задача, како нешто што остана од генерацијата со Кире, Ванчо, Стоилов и останатите. Сметам дека на мојата позиција има доста добри ракометари, како Митев и Атанасијевиќ. Дај Боже да ме престигнат и мене бидејќи тоа ќе биде добро за репрезентацијата“, изјави Миркуловски по мечот.