По Филип Миркуловски, и Стојанче Стоилов кажа збогум од националниот тим. Искусниот пикер на прес-конференцијата по мечот најави дека ја завршува репрезентаивната кариера.
„Среќен сум што победивме и се пласиравме на Светското првенство. Што се однесува до македонската јавност сакам да најавам крај на репрезентативната кариера по цели 15 години. Со гордост го носев овој дрес. Киро за мене секогаш ќе биде капитенот, фала ти за се, за се што успеавме да направиме и да не направиме. Нема време да ги набројувам сите. Без одмор не можам да терам цела сезона, многу се напорни сезоните, на крајот сум а силите, едноставно телото не ми издржува. Ми беше чест“, изјави Стоилов на прес-конференцијата.

