Женската ракометна репрезентација на Македонија ги доби противниците за претстојното Европско првенство што ќе се игра во нашата земја, Словенија и Црна Гора.
Македонија ќе биде домаќин на групата Ц. Македонија беше во треттиот шешир, а од вториот за противник ја доби Холандија, светскиот првак од 2019 година.
Од последниот шешир, Македонија ја доби најлошата опција – Романија, додека од првиот шешир, избраничките на Љубомир Савевски ја добија Франција.
Сите три селекции што ги добивме за ривали имаат освојувано трофеи на големите натпреварувања, а некои од нив беа и светски шампиони.
Групи за Европското првенство, жени:
група А (Љубљана): Унгарија, Хрватска, Швајцарија, Норвешка
група Б (Целје): Словенија, Шведска, Србија, Данска
група Ц (Скопје): Македонија, Холандија, Романија, Франција
група Д (Подгорица): Црна Гора, Германија, Шпанија, Полска
Во главната рунда продолжуваат селекциите што ќе се пласираат на првите три места. Европското првенство ќе се одржи од 4 до 20 ноември, а натпреварите во Скопје ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“.