Црногорскиот репрезентативец Божо Анџелиќ (30) е новото засилување за ракометниот шампион на Македонија, екипата на Вардар. Тој ќе го носи дресот на Вардар во следната сезона и ќе биде засилување позиција на среден бек.
Анџелиќ во Вардар доаѓа од унгарски Ференцварош каде настапува од 2018 година.
Договорот со Анџелиќ е потпишан на 1 сезона со можност за продолжување на уште една доколку клубот биде задоволен од неговите игри. Црногорецот е второто засилување во тимот за следната сезона, по Словенецот Нејц Цехте кој доаѓа од Бундеслигата.
Анџелиќ е актуелен репрезентативец на Црна Гора и има повеќе од 60 настапи за репрезентацијата и над 100 постигнати гола.

