Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Серија А ги прогласи најдобрите, се чека изборот на МВП на сезоната
    Фудбал

    Серија А ги прогласи најдобрите, се чека изборот на МВП на сезоната

    risteBy riste21/05/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Пред одигрувањето на последното 38 коло од Серија А, раководството на лигата го објавија изборот на најдобрите играчи во секоја линија од теренот. Досега објавија кои се добитниците на пет МВП признанија, а останува уште главното, за најкорисен играч на сезоната кое веројатно ќе зависи од идниот шампион, дали ќе биде од Интер или од Милан.

    За најдобар голман во лигата е избран Мајк Мењон. Голманот на Милан беше одличен, имаше најмногу натпревари без примен гол (16) иако беше повреден и не бранеше цела сезона. Во одбраната за најдобар е избран Глеисон Бремер од Торино. Бразилецот одигра фантастична сезона, на многу натпревари беше најдобар играч на својата екипа.

    За најкорисен играч на средината на теренот е одбран Марсело Брозовиќ. Хрватот е еден од најстабилните и најконстантни играчи на Интер, па одново не треба да изненадува ова признание. Најдобар напаѓач е прогласен Чиро Имобиле, кој ќе ја заврши сезоната како играч со најмногу погодоци. Признанието за најдобар до 23 години го понесе Виктор Осимен кој беше носител на играта на Наполи кој долго време од сезоната се бореше за титулата. Сега останува да се одреди МВП на сезоната, а во потесен избор веројатно се вклучени Рафаел Леао од Милан, како и Лаутаро Мартинез и можеби Николо Барела од Интер, сепак изборот ќе зависи од тоа кој ќе ја освои титулата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.