Кубанскиот интернационалец Куни Моралес и во наредната сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион Вардар.
Моралес дојде минатото лето во Македонија, остави одличен впечаток, особено со игрите во пролетниот дел од сезоната кога Давид Дејвис седна на клупата на Вардар, па раководството на „црвено-црните“ не размислуваше многу и му понуди нова соработка.
Претходно Вардар ги официјализираше новите засилувања, средниот бек Божо Анѓелиќ, десниот бек Нејц Цехте, како и левиот бек Жилберто Дуарте, а пред промоција е кружниот напаѓач Павел Андреев.
Исто така многу важно е тоа што Вардар ги продолжи договорите со Тимур Дибиров, Борко Ристовски и Марко Мишевски, а наскоро се очекува да биде потврдено останувањето и на поголем дел од играчите од актуелниот состав со кој Вардар ќе се обиде да игра важна улога во следната сезона.

