Десниот бек Куни Моралес и официјално го продолжи договорот со Вардар и ќе игра во дресот на оваа екипа и следната сезона. Кубанскиот интернационалец стана важен дел во тимот, и со своите игри го потврди квалитетот што го поседува.
Левиот бек имаше одлични натпревари во дресот на македонскиот првак и е еден од најзаслужните за успешната сезона на „црвено-црните“. Искусниот бек блесна кога најмногу требаше и со фантастичен настап во Битола му донесе важна победа на Вардар во трката за шампионската титула, која што треба да биде потврдена со утрешниот натпревар со Тиквеш.
На задоволство на двете страни е продолжена соработката за најмалку уште една сезона.
Оваа сезона Куни Моралес постигна 36 гола на 12 натпревари во Лигата на шампионите, а во домашното првенство постигна 86 гола во регуларниот дел и во плеј-офот.

