Ракометарите на Вардар ја исполнија целта. Во последниот меч сезонава на домашен терен без посериозни проблеми го совладаа Тиквеш со 37:25 и по 15-ти пат ја освоија шампионската титула.
„Црвено-црните“ веќе седма година едноподруго се на врвот на македонскиот ракомет. Момците предводени од Давид Дејвис и оваа сезона го потврдија приматот, особено во дуелите со најсериозниот конурент за титулата, Е. Пелистер, освојувајќи ја двојната круна.

