Кошаркарите на Бостон Селтикс се пласираа во финалето на НБА лигата и за титулата ќе се борат против Голден Стејт Вориорс. Во седмиот натпревар од финалната серија во Истокот, Бостон Селтикс беше подобар од Мајами Хит, совладувајќи го со 100:96 и тоа на теренот во Мајами.
Бостон Селтикс е тим кој ретко го добивале седмиот натпревар во плеј-оф серијата. Последен пат тоа им се случи во 1974 година против Милвоки, а лошата традиција заврши ноќеска со победа над Мајами.
Најефикасен кај Бостон беше Тејтум со 26 поени а Смарт и Џејлен Браун постигнаа по 24. Кај Мајами најефикасен беше Џими Батлер со 35 поени, додека Бем Адебајо додаде 25. Бостон досега 17 пати беше шампион во НБА лигата и сега ќе се обиде да дојде до 18-та титула.
Селтикси последен пат беа во финалето на НБА пред 12 години кога беа поразени од ЛА Лејкерс во седум натпревари. Голден Стејт е во трка по седмата титула, а последната ја освоија во 2018 година. Во 2019 година, тие го загубија финалето од Торонто. Финалната серија започнува на трети јуни, а прв домаќин ќе биде Голден Стејт.