Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги извлече групите во Суперлигата за претстојната сезона 2022/23 која ќе биде во нов изглед, со две групи и повеќе учесници.
Сезоната ќе се игра во две групи – А и Б, во кои ќе има по осум екипи. Актуелниот првак Вардар се најде во групата А, додека Еурофарм Пелистер ја доби групата Б.
Нови учесници во елитното друштво се Алкалоид, Вардар Неготино и Куманово кои ќе бидат во група со Вардар, како и Голден Арт и Јуниор Кисела Вода кои ќе бидат во група со Еурофарм Пелистер.
ГРУПА А: Вардар, Бутел, Охрид, Прилеп, Струга, Алкалоид, Вардар Неготино, Куманово
ГРУПА Б: Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Голден Арт, Јуниор КВ, Скопје
Во регуларниот дел на Суперлигата ќе се одиграат вкупно 14 кола, а потоа следат плеј-офот и плеј-аутот. Сезоната на домашната сцена се очекува да стартува во месец септември.

