Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Сањол:„Не мислиме на минатото, размислуваме како да го добиеме овој натпревар“
    Фудбал

    Сањол:„Не мислиме на минатото, размислуваме како да го добиеме овој натпревар“

    risteBy riste08/06/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Следен противник на Македонија во Лигата на нациите е селекцијата на Грузија. Грузијците се веќе во Скопје, ја одржаа прес-конференцијата и го одработија официјалниот тренинг, а пред новинарите говореше, селекторот Вили Сањол.

    „За нас, најважно е да не мислиме што се случи во минатото, туку да размислуваме во сегашноста и за актуелното натпреварување. Посакувам да го задршиме истото ниво на игра од претходните натпревари и ако го имаме тој тимски дух и интензитет, сигурен сум дека може да си заминеме за Тбилиси со добри сеќавања од мечот со Македонија.

    Уште стојам на ставот дека Македонија е фаворит во групата. Ако се суди по изданијата во последните две години, Македонија ја гледав како фаворит во групата и уште ја гледам, затоа што ја победи Италија, а за жал загуби од Португалија. Ништо не е променето, има уште натпревари да се играат. Било што и да кажеме тоа ќе бидат само зборови, а силата се покажува на теренот.

    Нема да правам длабока анализа на националниот тим на Македонија. Првиот меч со Бугарија, Македонија беше подобра статистички и требаше да победи. Но, во Гибралтар се одигра серизоен натпревар на вештачка треба. Никогаш не е лесно да се победи таму. Сметам дека Македонија има добар старт, во ваквите натпреварувања ние експертите велиме дека третиот натпревар е секогаш можеби најважен.

    Македонија има искусни играчи кои направиле разлика во тимот и носат самодоверба кај помладите. Не сакам да се фокусирам многу на противникот, затоа што понекогаш анализите не се вистинските, може често да не изненадат. Јас секогаш сакам да го имам најдоброто од Грузија, затоа ќе се фокусираме на себе и да го дадеме таму најдоброто од теренот. “, изјави Сањол.

    Натпреварот меѓу Македонија и Грузија се игра утре (четврток) од 20:45 часот, а билетите се веќе пуштени во продажба и чинат 250 и 350 денари.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.