Следен противник на Македонија во Лигата на нациите е селекцијата на Грузија. Грузијците се веќе во Скопје, ја одржаа прес-конференцијата и го одработија официјалниот тренинг, а пред новинарите говореше, селекторот Вили Сањол.
„За нас, најважно е да не мислиме што се случи во минатото, туку да размислуваме во сегашноста и за актуелното натпреварување. Посакувам да го задршиме истото ниво на игра од претходните натпревари и ако го имаме тој тимски дух и интензитет, сигурен сум дека може да си заминеме за Тбилиси со добри сеќавања од мечот со Македонија.
Уште стојам на ставот дека Македонија е фаворит во групата. Ако се суди по изданијата во последните две години, Македонија ја гледав како фаворит во групата и уште ја гледам, затоа што ја победи Италија, а за жал загуби од Португалија. Ништо не е променето, има уште натпревари да се играат. Било што и да кажеме тоа ќе бидат само зборови, а силата се покажува на теренот.
Нема да правам длабока анализа на националниот тим на Македонија. Првиот меч со Бугарија, Македонија беше подобра статистички и требаше да победи. Но, во Гибралтар се одигра серизоен натпревар на вештачка треба. Никогаш не е лесно да се победи таму. Сметам дека Македонија има добар старт, во ваквите натпреварувања ние експертите велиме дека третиот натпревар е секогаш можеби најважен.
Македонија има искусни играчи кои направиле разлика во тимот и носат самодоверба кај помладите. Не сакам да се фокусирам многу на противникот, затоа што понекогаш анализите не се вистинските, може често да не изненадат. Јас секогаш сакам да го имам најдоброто од Грузија, затоа ќе се фокусираме на себе и да го дадеме таму најдоброто од теренот. “, изјави Сањол.
Натпреварот меѓу Македонија и Грузија се игра утре (четврток) од 20:45 часот, а билетите се веќе пуштени во продажба и чинат 250 и 350 денари.