Денеска во Келн ќе биде спуштена завесата на Лигата на шампионите во ракомет за мажи. Од 18.00 часот во меч за шампионскиот трофеј ќе се сретнат шпанската Барселона и Киелце од Полска.
Каталонците ќе имаат шанса да станат првиот тим во историјата што успеал да го одбрани европскиот трон. Претходно од 15.15 часот Унгарскиот Веспрем на нашиот Дејан Манасков ќе се бори за третото место со германскиот Кил.
Вчера во полу-финалето, Барса го совлада Кил со 34:30 додека Киелце беше подобар од Телеком Веспрем со 37:35.