Еден од најавторитетните портали за ракомет во регионот, balkanhandball денеска објави информација дека нашиот ракометен шампион Вардар може да остане без местото во Лигата на шампиони за сезоната 2022/23. Причина се финансиите.
Минатата сезона раководството на ЕХФ бараше од клубот гаранција од еден милион евра за да биде дел од елитата, а веројатно и оваа година финансиската ситуација и стари долгово кон играчите се сериозна пречка за место на Вардар во елитата. Одлуката на ЕХФ се уште не е потврдена, но претпоставките се дека до крајот на неделата ќе се знае конечниот став и на европската ракометна федерација по ова прашање.

