Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Дембеле има четири понуди, во наредните денови ќе одлучи за својата иднина
    Фудбал

    Дембеле има четири понуди, во наредните денови ќе одлучи за својата иднина

    risteBy riste23/06/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле има понуди од четири клуба. Според „Марка“, на фудбалерот, кој за една недела ќе стане слободен играч, договор му понудиле Барселона, ПСЖ, Челзи и Баерн Минхен.

    Французинот се уште не одговорил на понудата на каталонскиот клуб – ситуацијата е во ќорсокак. Фудбалерот би сакал да остане во Барселона, а Чави од моментот кога дојде во клубот врши притисок врз раководството и го убедува да потпише договор со Дембеле. Сепак, Барса нема да ја подобри претходната понуда. За менаџерот на Челзи, Томас Тухел, трансферот на Дембеле е главен приоритет. Сега лондонскиот клуб е во најдобра позиција за преговори.

    ПСЖ одржува контакт со Дембеле и откако Луис Кампос му се приклучи на клубот. Баерн сакаше да го ангажира играчот, но нивниот интерес за него е намален во последните денови. Во наредните денови играчот од средниот ред ќе одлучи за својата иднина.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.