Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле има понуди од четири клуба. Според „Марка“, на фудбалерот, кој за една недела ќе стане слободен играч, договор му понудиле Барселона, ПСЖ, Челзи и Баерн Минхен.
Французинот се уште не одговорил на понудата на каталонскиот клуб – ситуацијата е во ќорсокак. Фудбалерот би сакал да остане во Барселона, а Чави од моментот кога дојде во клубот врши притисок врз раководството и го убедува да потпише договор со Дембеле. Сепак, Барса нема да ја подобри претходната понуда. За менаџерот на Челзи, Томас Тухел, трансферот на Дембеле е главен приоритет. Сега лондонскиот клуб е во најдобра позиција за преговори.
ПСЖ одржува контакт со Дембеле и откако Луис Кампос му се приклучи на клубот. Баерн сакаше да го ангажира играчот, но нивниот интерес за него е намален во последните денови. Во наредните денови играчот од средниот ред ќе одлучи за својата иднина.