Фудбалската репрезентација на Македонија по одиграните четири натпревари во рамките на Лигата на нациите во јунскиот циклус имаше две победи над Гибралтар, реми со Бугарија и тежок пораз од Грузија.
По овие резултати на најново објавената ФИФА ранг-листа , Македонија забележа пад од две позиции. Така, од 62-то, каде што се наоѓаше по мартовските дуели, нашата селекција падна на 64. место. Сега нашата репрезентација има 1375.2, откако се загубени 5,87 поени.
На сметка на Македонија профитираше Јамајка која забележа подем од две позиции.
На врвот нема промени, Бразил остана прв, пред Белгија, додека на третото место се проби Аргентина пред Франција. Во топ десет се уште Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска, додека Германија е на 11-то место. Од земјите во регионот Хрватска е 15-та, Србија остана 25-та, Босна и Херцеговина е 57-ма, додека Словенија, Албанија и Црна Гора се зад нас.