Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Македонија со пад од две места на новата ФИФА ранг листа
    Фудбал

    Македонија со пад од две места на новата ФИФА ранг листа

    risteBy riste23/06/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фудбалската репрезентација на Македонија по одиграните четири натпревари во рамките на Лигата на нациите во јунскиот циклус имаше две победи над Гибралтар, реми со Бугарија и тежок пораз од Грузија.

    По овие резултати на најново објавената ФИФА ранг-листа , Македонија забележа пад од две позиции. Така, од 62-то, каде што се наоѓаше по мартовските дуели, нашата селекција падна на 64. место. Сега нашата репрезентација има 1375.2, откако се загубени 5,87 поени.

    На сметка на Македонија профитираше Јамајка која забележа подем од две позиции.

    На врвот нема промени, Бразил остана прв, пред Белгија, додека на третото место се проби Аргентина пред Франција. Во топ десет се уште Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска, додека Германија е на 11-то место. Од земјите во регионот Хрватска е 15-та, Србија остана 25-та, Босна и Херцеговина е 57-ма, додека Словенија, Албанија и Црна Гора се зад нас.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Решено е: Ибрахимовиќ останува во Милан уште една сезона

    06/07/2022

    Бергвајн на медицински прегледи па трансфер во Ајакс

    06/07/2022

    Нуњез е најдобар играч во португалската лига за минатата сезона

    06/07/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин е во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон
    • Македонија поразена од Србија во битка за бронзениот медал на МИ во Алжир
    • Решено е: Ибрахимовиќ останува во Милан уште една сезона
    • Бергвајн на медицински прегледи па трансфер во Ајакс
    • Нуњез е најдобар играч во португалската лига за минатата сезона
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.