Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, потпиша рекорден договор во НБА лигата во висина од 264 милиони долари за наредните пет сезони. Истиот ќе стартува од сезоната 2023/24.
Српскиот центар кој две години по ред беше прогласен за МВП, првата година ќе добие 46.55 милиони долари а потоа секоја наредна ќе има покачување за 8 проценти.
Центарот кој висок 211 см, во случај на „трејд“ може да инкасира и дополнителни приходи во согласност со процентите кои се пресметуваат.
