На состанокот на Извршниот комитет на СЕХА лига е донесена одлука за продолжување на натпреварувањето во сезоната 2021/22, кое беше одложено во март оваа година. Сезоната на СЕХА – Гаспром лигата 2021/22 ќе продолжи во август, со четвртфиналните натпревари кои ќе се играат помеѓу 8 и 25 август 2022 година и СЕХА – Гаспром Ф4 турнирот од 2 до 4 септември 2022 година во градот Задар, Хрватска.
По анализата и пресметката на просечниот пласман на екипите во сите сезони во кои учествуваа во СЕХА – Гаспром лигата, осумте најдобропласирани екипи ќе учествуваат во четвртфиналните натпревари. Двојките од четвртфиналните натпревари се направени со ждрепка и ќе се одигра само еден натпревар.
РК Татран Прешов – РК Телеком Веспрем
РК Вардар 1961 – РК Нексе
РК Војводина – РК ППД Загреб
Еурофарм Пелистер – Мешков Брест