Александар Јончевски е новиот селектор на нашите најдобри кошаркари. Тој беше асистент-тренер во стручниот штаб на Драган Бајиќ кој спогодбено ја прекина соработката со КФСМ.
Јончевски беше асистент во националниот тим во квалификациите за Олимписките Игри а потоа помагаше и на Евробаскетот во 2015 во Хрватска.
Новиот селектор првите обврски ќе ги има кон крајот на август на стартот на вториот круг од претквалификациите за Евробаскетот.