Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија не успеа да обезбеди пласман во полу-финалето на Европското првенство до 20 години Б дивизија што се одржува во Грузија откако загуби од Естонија со 81:59.
Марко Миловановиќ беше најпрецизен со 18 поени, Андреј Митревски даде 10 поени.
Младите кошаркари викендов ќе разигруваат за пласман од 5 до осмото место.

