Ракометарите на Вардар загубија на пенали од екипата на Нексе во четвртфиналето на СЕХА-лигата и не успеа да се пласираат на Ф4 турнирот во Задар. Во регуларниот дел мечот заврши нерешено, 28-28, а по две промашувања на ракометарите на нашиот шампион, Нексе го славеше пласманот меѓу четирите најдобри во регионот.
Нексе одлично го почна мечот во Скопје и доминираше во текот на првото полувреме, иако Вардар блескаше од време на време, но сепак гостите заминаа на паузата со 15-12.
Во вториот дел Вардар се врати во игра и успеа да направи целосен пресврт (28-27), по што Нексе на 30 секунди до крајот стигна до израмнување. Откако Вардар не успеа да погоди во последниот напад на ред беше пенал-рулетот кој им припадна на гостите кои заедно со ППД Загреб и Телеком Веспрем ќе бидат дел од Ф4 турнирот во Задар.