Македонската кошаркарска репрезентација ја оствари и втората победа во претквалификациите за Евробаскетот 2025.
Вечерва во Скопје избраниците на селекторот Јончевски со пресврт во последната четвртина ја совладаа Словачка со 79:75. До триумфот кошаркарите дојдоа на благодарение на добата игра во третата четвртина и добрата партија на Јакимовски и Димитријевиќ. Двајцата ја вратија Македонија од негатива и донесоа втора победа.
Димитријевиќ мечот го заврши со 20 поени и четири асистенции, Јакимовски и Војдан Стојановски имаа по 15 поени, а Ѓуроски запиша 12 поени.